Едногласно, на денешната Седница на Советот на Општина Охрид, советниците го изгласаа буџетот на Општина Охрид за 2026 година којшто е развоен и е резултат на домаќинското работење на актуелната локална власт. Вкупните приходи на Општина Охрид, предвидени за 2026 година по сите основи изнесуваат 2.375.182.576,oo денари, објави градоначалникот, Кирил Пецаков. Едногласно, на денешната Седница на Советот на Општина Охрид, советниците го изгласаа буџетот на Општина Охрид за 2026... Posted by Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид on Петок, 26 декември 2025 „За капитални расходи се предвидени 25.354.000,оо денари. За поддршка на локалниот економски развој предвидени се 9.300.000,оо дена а за поттикнување на развојот на туризмот 18.425.490,оо ден. За одржување и користење на паркови и зеленило предвидовме 12.107.307,оо ден. Како и со претходните буџети, така и во овој акцент се става на подобрувањето на патнат инфраструктура па затоа предвидовме реконструкција на локален пат од камп Љубаништа до стационажа, улица Петрино до пресек со ул. Караорман с.Лескоец, патот кој го поврзува с. Велгошти со с. Лескоец, реконструкција на ул. Даме Груев од кружна раскрсница Ј.Сандански со ул. Питу Гули до пресек со бул.Туристичка, реконструкција на дел од ул. „7-ми Ноември“ од кружна крстосница кај Охридска банка, реконструкција на ул. Кленоец и дел од ул. „Петрино“. Исто така предвидено е реконструкција на улици во населба Бараки, локалениот пат за с. Завој, реконструкција на дел од ул. „Партизанска“ населба Охридати, изградба на фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од ул. „Малесија“, „Александар Гушо“, „Т. Дојчиноски“, „Први Мај“, „Ванчо Николоски“, „Дебарца“ и „Момчило Јорданоски“ и нивна реконструкција. Предвиден е проект за мониторинг и управување СКАДА систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС сиситем. Со овој буџет опфатена и е поддршката во образованието, стипендии, поддршка за спортот, како и за спортските и културните манифестации. Охрид не запира повеќе. Продолжуваме со уште понапорна работа за уште поубав Охрид“, објави Пецаков.