Чикаго покажа вистинска смисла на тимска игра и ја победи Филаделфија

Чикаго покажа вистинска смисла на тимска игра и ја победи Филаделфија нба 2025/2026 Филип Здравески 27.12.2025 / 10:20 Кошарка Во текот на ноќта беа одиграни девет натпревари во НБА, а еден од најинтересните беше одигран помеѓу Чикаго Булс и Филаделфија 76ерс. Чикаго ја победи Филаделфија со 109:102, а она што го покажаа Булс дефинитивно може да се стави во речникот под терминот „тимска игра“. Десет играчи во редовите на Чикаго добија минути за игра, а сите постигнаа поени на таков начин што разликата помеѓу најлошиот и најдобриот стрелец беше само 8 поени. Имено, никој не постигна помалку од 7 или повеќе од 15 поени. Најдобри стрелци беа Зак Колинс и Тре Џонс, двајцата играчи кои влегоа од клупата, додека најмалку поени постигна Никола Вучевиќ - 7. Исто така, кога станува збор за скокови, ниту еден играч на Булс немаше двоцифрен број. Седум играчи имаа 5+ скокови, но никој немаше повеќе од 8, колку што имаа Колинс и Матас Бузелис. Од друга страна, Филаделфија се потпираше практично само на тројца играчи - Жоел Ембиид постигна 31, Тајрис Макси 27, а Пол Џорџ 15 поени, но нивниот единствен соиграч со двоцифрен учинок беше ВиЏеј Еџкомб со 10 поени. Remote video URL Резултати: Индијана Пејсерс - Бостон Селтикс 122:140 Јута Џез - Детроит Пистонс 131:129 Атланта Хокс - Мајами Хит 111:126 Орландо Меџик - Шарлот Хорнетс 105:120 Вашингтон Визардс - Торонто Репторс 138:117 Чикаго Булс - Филаделфија 76ерс 109:102 Мемфис Гризлис - Милвоки Бакс 125:104 Њу Орлеанс Пеликанс - Финикс Санс 108:115 Портланд Треил Блејзерс - Лос Анџелес Клиперс 103:119 Табела: НБА Чикаго Булс Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On