Откажани стотици летови поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси

Откажани стотици летови поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси Филип Здравески 27.12.2025 / 10:43 Свет Стотици летови се откажани поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси и поголемиот дел од североисточните држави на САД. Според FlightAware, кој го следи воздушниот сообраќај во американскиот воздушен простор, во земјата се откажани 1.659 летови – речиси десет пати повеќе од претходниот ден. Предупредувањето за зимска бура останува на сила за регионот, а на некои места има прогноза и за замрзнат дожд. Националната метеоролошка служба на САД предвидува до 13 сантиметри снег во Њујорк и до 28 сантиметри во областите северно и североисточно од градот. Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат патувања и да останат дома доколку е можно. Според медиумските извештаи, бурата би можела да ги донесе најголемите снежни наноси во градот во последните три години. Летовите се откажани и на аеродромите во Филаделфија и Балтимор, како и во Торонто, најголемиот деловен центар во Канада. САД авиосообраќај Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On