Дуплантис прогласен за најдобар спортист во Европа

Дуплантис прогласен за најдобар спортист во Европа Филип Здравески 27.12.2025 / 13:10 Останати спортови Шведскиот атлетичар, скокачот со стап Арманд Дуплантис, e избран за најдобар спортист во Европа во 2025 година во традиционалниот избор на европски новински агенции организиран од полската агенција PAP. Девет европски агенции му дадоа на Дуплантис максимален број поени, а четири агенции го ставија на второто место. На Светското првенство во Токио оваа година, Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап со скок од 6 метри и 30 сантиметри. Полската новинска агенција (PAP) оваа награда ја доделува од 1958 година. Тенисерите Новак Ѓоковиќ (2011, 2015, 2018, 2021 и 2023 година) и Роџер Федерер (2004, 2005, 2006, 2007 и 2009 година), по пет пати ја имаат освоено оваа престижна награда. Меѓу поранешните добитници на престижната награда се сите великани на европскиот спорт, фудбалерот Кристијано Роналдо, тенисерот Рафаел Надал, атлетичарите Себастиан Коу и Сергеј Бубка, возачите на Формула 1 Мика Хакинен, Најџел Мансел, Себастиан Фетел, Михаел Шумахер и Луис Хамилтон, тенисерките Мартина Хингис, Ига Швјонтек и Штефи Граф, велосипедистот Еди Меркс, гимнастичарката Надја Команечи и други. Арманд Дуплантис Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off