Празничен десерт: Јадро обланди што сите ги обожаваат

Празничен десерт: Јадро обланди што сите ги обожаваат Филип Здравески 27.12.2025 / 13:41 Рецепти Доколку барате едноставен, но вкусен десерт кој ќе го воодушеви вашето семејство или гости, јадро обландите се совршен избор. Ова е еден од оние колачи кои се лесни за подготовка, а единствениот вистински предизвик е трпението додека се олади и исече. Потребни состојки: 200 мл млеко 150 мл масло 300 гр шеќер 250 гр маргарин 150 гр млеко во прав 200 гр чоколадо за готвење 200 гр бело чоколадо 200 гр обланди Подготовка: Загрејте ги млекото, маслото, шеќерот и маргаринот во тенџере, постојано мешајќи. Кога смесата ќе зоврие, тргнете ја од оган, додадете го млекото во прав и добро измешајте. На пареа растопете го чоколадото за готвење, а потоа и белото чоколадо. Поделете ја смесата од млеко во прав на два дела - додадете темно чоколадо во едниот дел, а бело чоколадо во другиот, и добро измешајте. Поделете го секој крем на уште два дела. За да ги составите обландите, ставете една обланда со шарата нагоре, намачкајте го светлиот крем и прекријте ја со втората обланда со шарата нагоре. Добро притиснете за да се соедини со кремот. Потоа намачкајте го темниот крем и прекријте со трета обланда. Повторете ја постапката уште еднаш, свртувајќи ја последната обланда со шарата надолу. Покријте го целиот десерт со тежок предмет и оставете го во фрижидер преку ноќ да се стегне. Откако десертот ќе се стегне, исечете го на коцки. Сервирајте со кафе или чај. десерт Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On