Во рамките на Министерството за одбрана на Република Македонија се одржа свечен и празничен настан кој внесе радост и насмевки кај најмладите. Дедо Мраз пристигна со хеликоптер, носејќи новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Министерството за одбрана и припадниците на Армијата. За настанот информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој на социјалната мрежа Фејсбук сподели дека детската возбуда и искрените насмевки ја исполниле празничната атмосфера и го создале вистинскиот дух на новогодишните празници, оставајќи трајни убави спомени. Во пресрет на Новата година, традиционално, министерот Мисајловски, заедно со Претседателката на Македонија и началникот на Генералштабот на Армијата, оствариле видеоконференциска врска со македонските мировници кои во моментов извршуваат задачи во меѓународни мисии и операции во Либан, Латвија, Романија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Германија. На видеоконференцијата, на која присуствувале и членови на семејствата на мировниците, биле упатени пораки на поддршка, благодарност и признание, со јасна определба дека државата и понатаму ќе се грижи за нив и за нивните најблиски. -Дедо Мраз пристигна со хеликоптер и донесе моменти на радост за најмладите, носејќи новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Министерството за одбрана и Армијата. Нивната возбуда и насмевки ја исполнија празничната атмосфера и го создадоа вистинскиот дух на новогодишните празници, оставајќи трајни убави спомени, објави на својата Фејсбук страница минис. Во пресрет на Новата година, традиционално, заедно со Претседателката на Македонија и началникот на Генералштабот на Армијата, остваривме видеоконференциска врска со нашите мировници кои во моментов извршуваат задачи во мисиите и операциите во Либан, Латвија, Романија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Германија. На видеоконференцијата, на која присуствуваа и членови на нивните семејства, упативме пораки на поддршка и признание, со јасна определба дека и понатаму ќе се грижиме за нив и за нивните семејства. Нивната посветеност и храброст се силна потврда за нивната улога и значење, пишува Мисајловски во својата објава.