Опозицискиот СДСМ денеска соопшти дека до надлежните органи на партијата, Централниот одбор, согласно Статутот на СДСМ ќе достави барање за итно исклучување на Јован Деспотовски од партијата. Како што тврдат од СДСМ, Деспотовски, во договор со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се обидува да ја дестабилизира партијата. Причината за тоа, посочуваат од СДСМ, е тоа што партискиот Антикорупцискиот тим (АКТ) изнел сериозни податоци за кр...