Неквалитетна услуга, измени на услови од претплатнички договор, висока сметка и раскинување на договор со наплата на казнени пенали, се најчестите причини поради кои граѓаните лани се обратиле до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) со барање за решавање спор. До регулаторното тело годинава пристигнати се 346 барања за решавање спор наспроти 363-те регистрирани во 2024 година, изјавија за МИА од АЕК....