Кривична за млад скопјанец – во мерцедесот му нашле марихуана

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.К.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.08.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. The post Кривична за млад скопјанец – во мерцедесот му нашле марихуана appeared first on Press24 .