Повеќе од половина од Холанѓаните сè уште испраќаат божиќни честитки по пошта: Само 3 отсто испраќаат СМС пораки

Годинава 58 отсто од жителите на Холандија изјавиле дека испраќаат божиќна честитка, што е намалување во однос на лани, кога тој процент изнесувал 63, покажуваат најновите податоци од истражувањето на панелот „Харт ван Нидерланд“.