Сончево време со температура до 10 степени Филип Здравески 28.12.2025 / 09:32 Македонија Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/ч). Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On