Ве очекуваме вечерва во паркот „Шопен“, веднаш до ООУ „Невена Георгиева Дуња“. Од 19:00 часот настапува Ди Џеј Марио со труба, а од 21:30 часот следи проектот „Пауза за ракија“ на Игор Димовски. Водител на настанот е Миро Кацаров. Паркот е празнично уреден и исполнет со новогодишни куќарки со топли напитоци и празнична храна. Дојдете да се дружиме и да уживаме во предновогодишната атмосфера!