Левица Бутел тргна цврсто по стапките на ДУИ во општина Бутел, отворено гласаше против се што ќе набројам, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски. На седница за буџет, советникот на Левица Бутел гласаше против: -Нова поликлиника -Доизградба на водоводот за Љубанци и Љуботен -Традиционален турнир во Баскет во Радишани -Традиционален турнир во фудбал за загинати бранители во Љубанци -Нов мото собир во Бутел -Детска градинка во населеното место Бутел 2 -Нова фасада на ООУ СВ Климент -Изградба на пливачки затворен базен во ООУ “Ацо Шопов” -Нови мостови на река Серава во Радишани -Уредување и чистење на речното корито на Река Серава -Финансиска помош за новороденчиња -Реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел -Реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици -Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација -Изградба на нови спортско рекреативни центри -Радишани -Бутел 1, два спортски центри -Нови детски игралишта -Нови спортски игралишта -Нов пешачки и пристапни патеки -Поддршка на спортски клубови -Спортски стипендии -Парична помош за пензионерите -Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства -Финансии за културни и спортски настани Добро е и тие малку граѓани што гласаа за Левица во Бутел да видат за што гласале, тој глас полека директно се претвара во глас за ДУИ. Одговорно тврдам. Се надевам ова ќе ми биде последниот статус кога ќе направам равенство помеѓу Левица и ДУИ. Дека последен пат ќе се сомневам дека соработуваат. ДУИ ги интересира само згради во Бутел и тоа веќе на сите е јасно, Левица нема “причина” да биде неразумна ! Давам можност и време да се вразумат. Искрено го правам тоа. Бутел ќе се развива се повеќе, и ќе се чува се повеќе, нема да дозволам бандити пак да ја водат општината. Затоа што народот јасно покажа каде да се движиме.