Тешките денови за кошаркарскиот клуб Партизан продолжуваат. По заминувањето на тренерот Жељко Обрадовиќ, ситуацијата само делумно се смири со победата над големиот ривал Црвена Звезда во Евролигата. Сега на ред се заминувањата на играчи и според најавите тоа ќе го направат: Тајрик Џонс, Стерлинг Браун и Џабари Паркер. Како нивни дестинации се споменуваат екипи од Евролигата. Ова три на кошаркари би можеле да направат трансфери во Олимпијакос, Дубаи и Милано. Последен рок за трансфер меѓу екипи од Евролигата е 5.јануари во пресрет на 20.коло односно стартот на вториот дел од натпреварувањето.