Австралискиот тенисер Ник Кирјос ја совлада Арина Сабаленка во егзибицискиот меч „битка на половите“. Ова беше реприза на некогашниот спектакл, кои пред 50 години меѓу Били Џин Кинг и Боби Ригс. Денешниот меч го доби Кирјос со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3), иако во последните две години нема одиграно натпреварувачки меч. Мечот се играше по изменети правила, а Кирјос сервираше во поле 9 отсто помало од тоа за Сабаленка, а двајцата имаа право на по еден сервис. Сабаленка имаше неколку атрактивни потези, а финалистот на Вимблдон кај мажите сепак покажа добра игра.