Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра

Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра Филип Здравески 28.12.2025 / 22:51 Хроника На паркинг простор на булеварот „АСНОМ“ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила. Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето било извршено во периодот од 23:00 часот на 27 декември до 9:00 часот на 28 декември 2025 година, при што е причинета вкупна материјална штета од околу 11.000 евра. Извршен е увид, за случајот е известен јавен обвинител, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот, соопштуваат од полицијата. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On