Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 200 кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини. Повторно беше интервенирано и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што беа подигнати 40 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени крај детското игралиште на аголот со улицата Максут Садик. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела врачи десет записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници се изготвени во скопската општина Чаир, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.