Проговори ХЕРОЈОТ Ахмед од Сиднеј кој ги спаси Евреите во Бонди

Човекот што со голи раце ги разоружа напаѓачите на плажата Бонди и стана симбол на човечноста, проговори за медиумите. Ахмед ал Ахмед, сирискиот мигрант и татко на две деца од Сиднеј, се опорави откако прележа 3 операции во болница. Ахмед не размислувал долго кога го здогледал вооружениот Саџид Акрам како пука кон луѓето што ја славеле Ханука на плажата. – Го држев со десната рака и му велев да го фрли оружјето, да престане – изјави тој за „Си-Би-Ес њуз“.   Неколку секунди подоцна му ја одзел пушката и му го спречил понатамошното убивање. Крв на песокот, човечност во воздухот Нападот што австралиската полиција го оцени како терористички чин против еврејската заедница заврши со 15 мртви и 40 повредени. Тоа е најсмртоносното масовно пукање во Австралија по 1996 година. Напаѓачот Акрам бил убиен на лице место, а неговиот син Навид обвинет за 59 прекршоци, меѓу кои и 15 за убиство. Не сакам да гледам луѓе како врескаат“ Ахмед зборуваше со треперлив глас за моментот кога, како што вели, „душата му заповедала“ да делува. – Не можев да стојам. Не сакам да гледам крв, не сакам да слушам пиштол. Сакав само да спречам убивање невини луѓе – рече тој. „Најдобриот од нашата земја“ Додека се борел со напаѓачот, другиот терорист го застрелал неколку пати во рамото. Помина низ 3 операции, а граѓаните за него доброболно собраа 2,5 милиони австралиски долари додека лежел во болница. Премиерот Ентони Албанезе го нарече „најдобриот од нашата земја“, а премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, го опиша како „херој од вистинскиот живот“. Неговите родители за Би-Би-Си изјавиле дека „совеста и човечноста на нивниот син го победиле стравот“.