Милиони половни автомобили се со вратена километража Александра Спасеска 29.12.2025 / 12:01 Авто новости Без историски податоци за возилата, измамата е речиси невозможно да се забележи. Километражата е еден од клучните индикатори за вредноста на возилото за повеќето купувачи на половни автомобили. Затоа многумина веруваат дека бројот на контролната табла покажува точно колку километри поминал автомобилот. Сепак, според американската компанија CarFax, таа претпоставка е често погрешна. CarFax проценува дека моментално има околу 2,45 милиони автомобили на американските патишта со обновена километража или со неовластена километража. Тој број расте од година во година - додека помеѓу 2023 и 2024 година е забележано зголемување од 4 проценти, во текот на 2025 година се сомнева на скок од дури 14 проценти, пишува CarScoops. Парадоксално, дигиталните бројачи не го решија проблемот, туку го направија уште полесен. Денес, на интернет можете да купите уреди за „корекција“ на километража по цена од 200 до 300 долари, кои можат да „избришат“ десетици илјади поминати километри за неколку секунди. Без историски податоци, измамата е речиси невозможно да се открие. Според проценките на CarFax, купувачите во просек преплаќаат за вакви возила за околу 3.300 долари, не сметајќи ги дополнителните трошоци поради неочекувани дефекти и одржување што доаѓаат со поголема реална километража. Проблемот е најизразен во големите држави како што се Калифорнија, Тексас и Флорида, но некои помали држави доживуваат најбрз раст. Како заштитна мерка, CarFax препорачува проверка на историјата на возилото, како и детална проверка на механичките делови за откривање знаци на прекумерно абење што не одговараат на прикажаната километража. половен автомобил автомобил на старо километража Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On