Донесен предлог-законот кој ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет

Собранието го донесе Предлог Законот за Судски совет со 73 гласови „за”и 1 „воздржан“ Овој закон ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да ја зајакнеме довербата на граѓаните во судството, велат од Министерството за правда. Од таму посочуваат кои се клучните новини: -Јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот. -Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“. -Јавна расправа при избор на кандидати за не-судски членови за поголема транспарентност. -Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови од редот на судиите. -Јасни правила за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот. -Обврска за образложени одлуки при избор и утврдување одговорност на судиите. -Рокови за преземање дејствија и прецизирање на постапката за жалба против одлуки на Советот. -Бројни други решенија во согласност со препораките на ЕУ. -Со реформите што ги преземаме, Судскиот совет ќе биде силен гарант за владеење на правото и доверба во судството, велат од Министерството за правда.