Oтворена „Новогодишната приказна“ во Кисела Вода

Во Парк „Шопен“ вчера започна тридневната празнична „Новогодишна приказна“ организирана од Општина Кисела Вода. Просторот беше празнично уреден со новогодишни куќарки и содржини за посетителите, а првата вечер донесе одлична енергична атмосфера. За забавата се погрижија DJ Марио со труба и бендот „Пауза за ракија“, чии динамика и позитивна енергија ги расположија сите присутни. Програмата ја водеше Миро Кацаров, кој со својата комуникација со публиката ја направи вечерта уште подинамична и поинтересна за сите присутни. -Од срце – благодарам, Кисела Вода! Првата вечер од „Новогодишна приказна“ помина навистина магично – исполнета со искрени детски насмевки, радост и празнична топлина. Најмалите безрезервно уживаа во вештачкиот снег и во дружењето со Дедо Мраз, а веселата атмосфера беше зачинета со одлична музика и позитивна енергија. За незаборавната забава се погрижија DJ Марио со труба и прекрасниот бенд „Пауза за ракија“, кои беа фантастични и донесоа игра, смеа и вистински новогодишен дух за сите генерации. Голема благодарност и до нашиот водител единствениот Миро Кацаров, кој со својот професионализам, харизма и одлична комуникација со публиката ѝ даде посебен ритам на вечерта. Продолжуваме и утре- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. Вечерва од 19 часот во Парк „Шопен“, во рамки на втората вечер од „Новогодишна приказна“ ќе настапат Оле Поцкова од Зевзекманија, како и музичките ѕвезди Либеро Бенд од 20:15 часот и Антониа Гиговска од 21:30 часот. Водител е Миро Кацаров. Ве повикуваме да бидете дел од празничната програма и заедно да ја споделиме новогодишната атмосфера во општина Кисела Вода! Од срце – благодарам, Кисела Вода! Првата вечер од „Новогодишна приказна“ помина навистина магично – исполнета со... Posted by Бети Стаменкоска Трајкоска on Недела, 28 декември 2025