Збогатете ја вашата празнична трпеза со вкусни и здрави десерти од Виталиа

За време на зимските празнични денови, трпезата е често побогата, поразновидна и покалорична од вообичаено. Новогодишните и божиќните прослави се денови за уживање и заедништво, а одржувањето на балансирана исхрана е клучнa за да се чувствуваме енергично и лесно, а сепак да си дозволиме да уживаме во секој залак. Здравата празнична трпеза не значи откажување од вкусот и задоволството, туку внимателен избор на природни состојки со кои вкусот и хранливите вредности одат рака под рака.