Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за незаконска примена на правото

Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за незаконска примена на правото Филип Здравески 29.12.2025 / 13:55 Македонија Претседателот и пратеник на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, на денешната собраниска седница истакна дека новиот предлог-закон за судски совет нуди само козметички измени, наместо суштински и радикални измени кои се насушно потребни. Remote video URL „Во овој предлог-закон го немате најбитниот критериум, односно го нема изборот на НАЈДОБРИОТ како судија. Ако сакаме објективни критериуми, има да воведеме првиот од ранг-листата да мора да биде избран, а да не зависи изборот од волjата на тие во Судскиот совет“, истакна Апасиев. „Следното е УКИНУВАЊЕ НА НЕОДГОВОРНОСТА на судиите. Па, ако треба и Устав треба да смениме за тоа. Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за незаконска примена на правото! Правен илузионизам е да сметаме дека ние со промена на законот ќе ја промениме и перцепцијата за судството и КОРУПЦИЈАТА во судството. Не знаете ли колку корупција има во државата? Пребројте ѝ ги законите. Колку повеќе закони, толку повеќе корупција!“, е дел од 10-минутното обраќање на професорот по римско право. Димитар Апасиев судство Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off