Објавен Конкурсот за државната награда за наука „Гоце Делчев“ за 2026

Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда  „Гоце Делчев“ за 2026-та, со која се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката. Како што е наведено во Конкурсот објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука, наградата во 2026 година се доделува за научна книга или дело објавено во 2025 година. Рокот за поднесување на предлозите за доделување на наградата почнува денеска и ќе таре до 13 февруари 2026. Наградата се доделува на 4 Мај - денот на смртта на Гоце Делчев. Во објавениот Конкурс се наведени критериумите и правото на учество на конкурсот, појаснето е кој може да поднесе предлог (установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани), начинот на поднесување на предлозите и адресата на која треба да бидат пратени.