Од полноќ нови цени на горивата - сите поскапуваат Филип Здравески 29.12.2025 / 14:48 Македонија Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22 декември. Од 30 декември од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС-95 – 70,50 ден/л моторен бензин Еуросупер БС-98 – 72,50 ден/л дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 65,00 ден/л масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 64,00 ден/л мазут М-1 НС 33,649 ден/кг Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 денари/килограм и сега ќе изнесува 33,649 денари/килограм. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,908%, кај дизелот за 1,970%, кај екстра лесното масло за 1,282% и кај мазутот зголемувањето е за 5,201%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1801%. цена на горива Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On