Седлоски го претстави стручниот штаб со кој ќе ја води репрезентацијата Филип Здравески 29.12.2025 / 15:36 Фудбал Новиот селектор на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, го откри стручниот штаб со кој ќе го води националниот тим. Во стручниот штаб како асистенти на Седлоски ќе работат дури четворица тренери, еден тренер на голмани, еден кондициски тренер, како и еден видео-аналитичар. Стручниот штаб на „Рисовите“ под водство на Седлоски: асистент: Борче Христов – тренер на Тиквеш и директор на Центарот за едукација при ФФМ. асистент: Ерхан Селими – досегашен селектор на репрезентацијата до 19 години. асистент: Зоран Бошковски-Чоко – легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската репрезентација. Има вкупно 16 настапи за Македонија и 5 постигнати голови. Беше шампион на Југославија со Вардар, по независноста шампион и со Силекс со кого освои и куп титула, а две сеозни беше и најдобар стрелец во првата лига. Со вкупно 136 голови и трет најдобар стрелец во историјата на 1.МФЛ. асистент: Ванче Шиков – поранешен репрезентативен дефанзивец со 56 настапи за Македонија и 4 постигнати голови. Освојувач е на домашниот куп со Академија Пандев. тренер на голмани: Гого Јовчев – поранешен репрезентативен голман со 9 настапи за репрезентацијата и шампион на Македонија со Вардар и двократен освојувач на Купот. видео-аналитичар: Мартин Христов . кондициски тренер: дополнително ќе биде назначен. „Со овој состав, Седлоски гради стручен штаб составен од докажани професионалци, со јасна цел: стабилност, континуитет и натамошен напредок на македонската репрезентација“, смета ФФМ. Гоце Седлоски Македонија фудбал Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On