Домен Превц убедливо победи во Оберсдорф

Домен Превц убедливо победи во Оберсдорф турнеја Четири скокалници 2025/2026 Филип Здравески 29.12.2025 / 19:50 Останати спортови Словенечкиот скијач Домен Превц го освои првото натпреварување од турнејата Четири скокалници, она во Оберсдорф. Никогаш во историјата не се случило Словенец да победи на скокалницата во Оберсдорф, Германија, но Домен Превц покажа дека се наоѓа во фантастична форма. Превц ја забележа шестата победа од почетокот на сезоната. Исто така, интересен е фактот што 40% од победниците на турнејата Четири скокалници славеле во Оберсдорф. Домен Превц скокаше феноменално во квалификациите претходниот ден и победи, а потоа во првата серија, понеделникот вечерта скокна 141,5 метри и за тоа доби 162,2 поена. Во втората серија, како и во првата, скокна последен и стигна до линијата од 140 метри и убедливо победи со 316,6 поени. На второто место се најде минатогодишниот освојувач Даниел Чофениг од Австрија со 299,2 поен, додека трет беше Германецот Феликс Хофман со 297,3 поени. Првично на делба на второто место со Чофениг беше уште еден Словенец, одличниот Тими Зајц, но потоа тој беше дисквалификуван. TOP3 - WC/ #4hills #Oberstdorf 29.12.2025: 1. Domen #Prevc 2. Daniel #Tschofenig 3. Felix #Hoffmann Congratulations! #skijumpingfamily pic.twitter.com/uj66kM47kL — Skijumping.pl (@Skijumpingpl) December 29, 2025 Следното натпреварување во рамките на Четирите скокалници е закажано за 1 јануари во Гармиш-Партенкирхен, а потоа продолжува во соседна Австрија, прво во Инсбрук на 4 јануари и потоа во Бишофсхофен на 6 јануари. ски скокови Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off