Инфантино за огромната побарувачка на скапите мундијалски билети: Ова е лудо!

Инфантино за огромната побарувачка на скапите мундијалски билети: Ова е лудо! Филип Здравески 29.12.2025 / 20:28 Фудбал Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, излезе со најновата анализа на побарувачката на билети за Светското првенство 2026 година во Канада, САД и Мексико. А, податоците се, благо речено, неверојатни, бидејќи цените се на рекордно високо ниво, што е широко осудено од потенцијалните „аџии“ на претстојниот Мундијал. Ако им се верува на објавените податоци, достапните стадиони би можеле да бидат пополнети многу пати доколку капацитетот би бил поголем, а турнирот, со својот историски број на учесници (48), бил бил уште подолг. Толку многу луѓе би сакале да го следат на лице место. „Имаме достапни 6 до 7 милиони билети, а за 15 дена добивме 150 милиони барања. Ова значи дека би добивале просечно 10 милиони барања секој ден. Во речиси 100 години од Светското првенство, продадени се вкупно 44 милиони билети, па излегува дека побарувачката за билети за претстојниот Мундијал опфаќа период од 300 години.“ „Лудо е, тешко е да се замисли, но ја покажува важноста на Светското првенство“, рече Инфантино на Светскиот спортски самит во Дубаи, додавајќи дека најголемата конкуренција за места на трибините е во САД, Германија и Обединетото Кралство. Во меѓувреме, здруженијата на навивачи ширум светот ги критикуваа цените на билетите, кои се неколку пати повисоки отколку на последниот Мундијал во Катар. Потоа, ФИФА одлучи да продаде одреден број билети по цена од 60 долари. „Приходите генерирани од Светското првенство, вклучувајќи ја и продажбата на билети, ќе се вратат на фудбалските заедници низ целиот свет. Да не беше ФИФА, немаше да има фудбал во 150 земји“, тврди првиот човек на ФИФА. "Podríamos haber llenado 300 años de mundiales" Gianni Infantino defiende el precio de las entradas para la Copa del Mundo por la gran demanda y anuncia que los premios "The Best" de 2026 se entregarán en Dubái (lgc) https://t.co/iSaWrCMknU — DW Español (@dw_espanol) December 29, 2025 СП 2026 Џани Инфантино Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On