Во делови од неколку скопски општини денеска ќе нема струја Филип Здравески 30.12.2025 / 08:01 Македонија Од ЕВН „Македонија“ АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: од 8:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија (Општина Петровец); од 8:30 до 9:30 часот, корисниците од селата Драчевица и Цветово (Општина Студеничани); од 8:55 до 9:55 часот, корисниците од селата Горно Соње, Долно Соње, Чифлик и Света Петка (Општина Сопиште); од 9:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. „Веле Марков“ (Општина Ѓорче Петров); од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Христо Татарчев“ (Општина Кисела Вода). Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off