Нов земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина Филип Здравески 30.12.2025 / 08:13 Македонија Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 2,8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. #Earthquake ( #земјотрес ) M2.8 occurred 6 km N of #Ohrid (Republic of North Macedonia) 14 min ago (local time 22:06:13). More info at: https://t.co/QMSpuj6Z2H https://t.co/RKrkL6QFJq https://t.co/3gXtua2Dns pic.twitter.com/8Gw8kOyndn — EMSC (@LastQuake) December 29, 2025 земјотрес Охрид Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On