Ќе нема вода во делови од Карпош и Кисела Вода Филип Здравески 30.12.2025 / 08:08 Македонија Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, известуваат дека денеска: · поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. „Нобелова“ крстосница со ул. „Хелсинки“, од 9:00 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Нобелова“, „Виенска“, дел од ул. „Хелсинки“ и дел од ул. „Лондонска“ (Општина Карпош); · поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. „Жил Верн“ бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Жил Верн“ и ул. „Есенинова“ (Општина Кисела Вода). Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off