Какво време нè очекува на почетокот на 2026 година? прогноза на Severe Weather Europe Александра Спасеска 30.12.2025 / 08:30 Свет По периодо во кој домимираше снажниот блок Рекс, Европа влегува во динамичен крај на 2025 година. Движењето на антициклонот кон запад го отвора патот за пенетрација на арктичкиот воздух кој брзо ќе се прошири низ источна, централна и јужна Европа во последната недела од декември, носејќи забележителен студ, снег и смрзнувачки температури. Промената на моделот ќе продолжи и во почетокот на 2026 година, со нова пенетрација на студ што потоа ќе влијае на западниот дел од континентот, пишува Severe Weather Europe . Леден бран ќе ја погоди Европа Промената на моделот создава таканаречен диполен модел, силен блокирачки антициклон над Атлантикот и длабок циклон над Европа. Овој распоред на системот поттикнува силен северен тек кој брзо ќе ја повлече поларната воздушна маса кон југ. Се очекува температурите во поголемиот дел од континентот да бидат до 15°C под просекот за ова време од годината. Први кои ќе бидат погодени од студот, уште во понеделник навечер, ќе бидат Полска, источна Германија, Чешка, Словачка и Унгарија. Студениот фронт потоа брзо ќе се движи кон југ и до вторник навечер ќе стигне до Грција. Температурите ќе паднат под -10°C во многу области наутро, додека дневните вредности едвај ќе надминат нула. Пресврт на почетокот на јануари Динамичкото време ќе продолжи и по Нова Година, кога ќе следи уште еден пресврт. Антициклонот ќе се движи над Гренланд, што ќе овозможи продлабочување на циклонското дно над западна и југозападна Европа. Ова ќе предизвика ново навлегување на арктички воздух, но овој пат подалеку на запад отколку на крајот на декември. Во текот на првиот викенд од јануари, ледениот воздух ќе се прошири над Исланд, Обединетото Кралство, Ирска и сè до Шпанија и Португалија. Температурите повторно ќе бидат од 12 до 15°C под нормалата. Најстудените температури се очекува да бидат во недела во Обединетото Кралство и Ирска, а во понеделник во западна Франција и северна Шпанија, со утрински температури од -5 до -10°C. Обилни дождови на Балканот Додека Западна Европа ќе замрзне, ситуацијата во нашето подрачје целосно ќе се смени. Ќе се воспостави постојан југозападен тек, кој ќе донесе значително потопол и повлажен воздух од Медитеранот кон централна и источна Европа и Балканот. Температурниот контраст низ Европа ќе биде огромен. На Балканот и Источна Европа, температурите би можеле да бидат до 15°C над просекот, а дневните вредности локално ќе достигнат 15°C. Големата количина на влага ќе донесе и обилни врнежи, особено на јужните падини на Алпите и западните падини на Динаридите и Апенините, каде што во текот на неделата би можеле да наврнат помеѓу 150 и 300 милиметри дожд. временска прогноза Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On