Милиони прегледи и приходи: Истражување покажува дека AI отпад го преплавува YouTube

Милиони прегледи и приходи: Истражување покажува дека AI отпад го преплавува YouTube Филип Здравески 30.12.2025 / 09:06 Софтвер Истражувањето покажа дека над 20% од видеата што алгоритмот на YouTube им ги прикажува на новите корисници се т.н. AI отпад, односно содржина со низок квалитет генерирана од вештачка интелигенција, дизајнирана да собира прегледи. Kapwing анкетираше 15.000 од најпопуларните YouTube канали во светот и откри дека 278 од нив не содржат ништо друго освен AI отпад. Овие AI канали заедно собрале повеќе од 63 милијарди прегледи и 221 милион претплатници, генерирајќи околу 117 милиони долари приходи секоја година. Анализата на The Guardian оваа година покажа дека речиси 10% од најбрзо растечките канали на YouTube се напојувани со вештачка интелигенција, собирајќи милиони прегледи и покрај напорите на платформата да ја ограничи неавтентичноста на содржината. Каналите што ги пронајде Kapwing се дистрибуираат и се гледаат глобално. Тие имаат милиони претплатници - 20 милиони луѓе во Шпанија ги следат трендовските AI канали. AI каналите имаат 18 милиони следбеници во Египет, 14,5 милиони во САД и 13,5 милиони во Бразил. AI World, со седиште во Пакистан, прикажува кратки филмови за катастрофалните поплави во Пакистан генерирани од вештачка интелигенција, со наслови како „Poor People“, „Poor Family“ и „Flood Kitchen“. Многу од овие видеа се придружени со звуќна подлога. Каналот има 1,3 милијарди прегледи. Тешко е да се каже точно колку се значајни овие канали во споредба со огромното море од содржини што веќе се достапни на YouTube. AI YouTube Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On