Шампионите шампионски броеја до 140 на крилјата на фантастичниот Гилџс-Александер

Шампионите шампионски броеја до 140 на крилјата на фантастичниот Гилџс-Александер НБА 2025/2026 Филип Здравески 30.12.2025 / 09:31 Кошарка Многу бурна ноќ на НБА терените и 11 одиграни натпревари е зад нас, а ноќта ја одбележа Шеј Гилџс-Александер, кој покажа зошто ја предводеше Оклахома Сити Тандер до титулата минатата сезона. Веќе пишувавме за повредата на Никола Јокиќ на дуелот Мајами - Денвер, кој на бизарен начин од соирач го повреди коленото. Ноќта ја одбележа одличниот Шеј Гилџс-Александер, кој со својата Оклахома изброја до 140 поени и славеше со 140:129 против Атланта Хокс. Популарниот СГА постигна 39 поени, имаше 6 асистенции и 5 скокови во дуелот кој беше решен дури во последните минути. SGA TONIGHT: 39 POINTS 6 ASSISTS 5 REBOUNDS 2 STEALS 15/24 FG (via @realapp ) pic.twitter.com/Da3Hf8NGjh — Legion Hoops (@LegionHoops) December 30, 2025 На минута до крајот на мечот, Атланта имаше активен резултат, а негативата беше два поседа. Сепак, во клучните моменти, Оклахома беше посмирена и ја зачува предноста за својот 28-ми триумф оваа сезона во 33 одиграни натпревари. Remote video URL Повеќето од фаворитите ноќеска го оправдаа тој епитет, а видовме мали изненадувања, како победата на Торонто над Орландо со поен разлика и победата на Кливленд на гости кај Сан Антонио. Хјустон имаше неочекувани проблеми против Индијана, но на крајот сепак запиша победа. Резултати: Шарлот Хорнетс - Милвоки Бакс 113:123 Вашингтон Визардс - Финикс Санс 101:115 Бруклин Нетс - Голден Стејт Вориорс 107:120 Мајами Хит - Денвер Нагетс 147:123 Торонто Репторс - Орландо Меџик 107:106 Чикаго Булс - Минесота Тимбервулвс 101:136 Хјустон Рокитс - Индијана Пејсерс 126:119 Њу Орлеанс Пеликанс - Њујорк Никс 125:130 Оклахома Сити Тандер - Атланта Хокс 140:129 Сан Антонио Спарс - Кливленд Кавалирс 101:113 Портланд Треил Блејзерс - Далас Маверикс 125:122 Табела: Шеј Гилџс-Александер НБА Оклахома Сити Тандер Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On