Вечер во Битола завршува превозот со „Празничен автобус“ организиран од Општина Битола, а во рамки на новогодишната програма „Зимска приказна“. Празничниот автобус низ Битола, подвижна сцена со електронска музика која во изминатите вечери ја приредија ди-џеј Јаков, Ацика, T-Zobe..., вечер завршува со ди-џеј Boca и бесплатно возење на линија број 1 низ градот во терминот од 21 до 23 часот. Програмата „Зимска приказна“ продолжува напладне со новогодишни претстави, караоке соба и концерти на платото пред Офицерски дом, музика со настап на битолски фолк групи ќе има и во Старата битолска чаршија, а на други локации низ градот ќе има танцови перформанси. Вечер новогодишен концерт пред Офицерски дом во Битола ќе одржи Ламбе Алабаковски.