Медведев до Зеленски: Среќна последна година, марионетке! Александра Спасеска 30.12.2025 / 12:00 Свет Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, упати низа навреди против украинскиот претседател Володимир Зеленски. Медведев ја објави пораката на Телеграм. „Убави зборови допрва следат, кога часовникот ќе отчука полноќ. Но, сега ќе си посакам една желба, а таа нема да биде пријатна. Неодамна, едно парталаво чудовиште посака смрт на ‘една личност’. На сите им е очигледно дека тој не посакува смрт само на ‘една личност’, туку на сите нас и на нашата земја“, напиша Медведев. Тој се осврна на божиќното обраќање на Володимир Зеленски, во кое украинскиот претседател рече дека Украинците имаат една желба - „нека скине конци“. Зеленски не прецизираше дали се осврнува на рускиот претседател Владимир Путин или на војната. Медведев тврдеше дека Зеленски не само што „му посакал смрт“ на Путин, туку наводно „дал наредби за масовни напади“. „Нема да пишувам овде за неговата насилна смрт, иако во моментов Смртта често му е зад петици. Ќе сакам нешто друго - за научни цели. Исклучително е важно во иднина, по брзата смрт, малото скиснато тело на зелениот хомункулус да биде изложено во музејот во Санкт Петербург, каде што руските цареви собирале изроди за забава на нивните потомци“, изјави Медведев. „И да биде темелно проучено, бидејќи е сосема можно да имаме работа со емисар од длабоката вселена, посебна раса на scurra sordidus (лат. „валкан измамник“), која долета кај нас од џуџеста галаксија во соѕвездието Тукан“, додаде тој. Хомункулус е термин од алхемијата што се однесува на наводно вештачки создадено мало човечко суштество, но всушност припаѓа на сферата на митовите и псевдонауката. Денес, терминот често се користи навредливо, за да се прикаже некого како нечовечки, гротескен или неприроден. „Значи, како што велат на нивниот мал тукански дијалект: „Среќна последна година, е*ена марионетке!“ заклучи Медведев. војна Украина Дмитриј Медведев Володимир Зеленски Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On