Новогодишни пакетчиња за децата од Домот за доенчиња и мали деца

Општина Битола со новогодишни пакетчиња и Дедо Мраз направи предновогодишна атмосфера и за децата сместени во петте оддели при Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца Битола. Таму беше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој им ги честиташе новогодишните празници и на децата и на вработените. Инаку годинава Општина Битола подели 400 новогодишни пакетчиња преку здруженија на граѓани и институции.