Се преврте цистерна на патот Струга-Ќафасан, сообраќајот во прекин Филип Здравески 30.12.2025 / 12:35 Македонија Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец од Струга до граничниот премин Ќафасан поради превртена цистерна на патот. Засега нема повеќе информации како се превртела цистерната и дали има повредени. „Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот за што соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од СВР Охрид. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off