Македонија влегува во нова ера на санкции во сообраќајот. Пратениците кон средината на декември ги изгласаа клучните закони што треба да му дадат целосна функционалност на системот „Безбеден град“, кој од 1 февруари треба да почне да работи во целост. Новите правила предвидуваат многу построги санкции за опасно возење, систем на негативни поени, автоматска дигитална комуникација со возачите и засилени обврски за сопствениците ...