Во Владата денеска е потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за обнова на возен парк за потребите на ЖРСМ Транспорт АД Скопје. -Денес зборуваме за нешто што со децении беше занемарувано, а е од суштинско значење за економијата, извозот и европската иднина на нашата државата, а тоа е железницата, рече Мицковски на обраќањето во Владата. Со особено задоволство објавуваме инвестиции во железничкиот транспорт во изност од 21 милион евра наменети за набавка на до 5 нови електрични локомотиви заедно со неопходни резервни делови. Оваа инвестиција ќе се реализира преку договор за заем помеѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). На овој договор претходела темелна анализа за реалните потреби, функционалност и оперативноста на МЖ Транспорт истакна премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=oGyWTAeyy4k[/embed]