Поранешната премиерка на Бангладеш, Халеда Зија почина денеска на 80-годишна возраст, објави нејзината Националистичка партија на Бангладеш (БНП). Зија беше првата жена премиер и двапати раководеше со Бангладеш – од 1991 до 1996 година и од 2001 до 2006 година. Таа во 90-тите години од минатиот век го доби епитетот „бескомпромисна лидерка“. Зија беше на чело на БНП 41 година. Таа во 2018 година беше осудена на 17 години затвор во два случаи за поткуп, а одлежа четири години. Зија беше ослободена од затвор во 2022 година поради нејзината здравствена состојба, но под услов да не патува во странство или да не учествува во политички активности. Нејзината партија тврди дека обвиненијата биле политички мотивирани. (МИА)