СДС изврши нов, луциден атак врз слободата на говор во Македонија. Во Македонија се случи преседан. Нов, беден и класичен обид за заплашување и замолкнување на сите критички настроени кон нив новинари, мизерен обид за сеење страв и уплав ако напишете нешто против нив, против Венко, против Заев пак, никако. Индикативно, актот се случува во исто време кога истите тие очајнички ламентираат за наводен атак врз слободата на говор од страна на власта. Пријавија еден од доајените на македонското новинарство со кого влегоа во отоврена војна, затоа што Геровски во КОЛУМНА им напиша: ВЕ ДРЖАМ НА НИШАН (следам се што правите како инфантилна апртија, секој ваш чекор и ќе пишувам за тоа, ВО ПРЕВОД), што индолентните пиар стратези од Бихаќка го протолкувале како дека Геро им се заканува со ПИШТОЛ? Алооо, се работи за колумна, ова е МЕТАФОРА! НЕПИСМЕНИ копуци, хохштаплери, сауртуци, шајшутки, шушумиги и така натаму. Дајте, бре, олабавете од тоа иљачот на Јон, аман „нови дечки“, опрајте се, забегавте, ама „скроз“. Во инфантилно „Соопштение за јавност“, тие јавно обзнанија: „ Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесе официјална пријава до Министерството за внатрешни работи – Полициска станица од општа надлежност Центар, поради загрозување на сигурноста преку јавна закана. Пријавата се однесува на лицето Бранко Героски, новинар и главен уредник на порталот Плусинфо.мк, кој во свој авторски текст на порталот, но и преку објави на социјалните мрежи, упатува директни закана по животот и телесниот интегритет на членови на СДСМ но и претседателот на партијата: „ВЕ ЧЕКАМ НА НИШАН“! Оваа закана, како што се наведува во пријавата, „во ниеден момент не може да се сфати пежоративно, ниту во било каков друг контекст, освен како директна закана од употреба на оружје“, при што таа е упатена неодредено. СДСМ оценува дека ваквото однесување претставува класично загрозување на сигурноста, казниво согласно Член 144 од Кривичниот законик, кој се однесува на закана по живот или тело, особено кога е упатена јавно, преку медиуми, информатички систем и кон повеќе лица поради нивната политичка припадност. СДСМ очекува МВР да постапи професионално, итно и ефикасно, со цел: превенција од евентуална реализација на заканите, заштита на животот и безбедноста на граѓаните, спроведување службен разговор со наведеното лице и преземање соодветни законски дејствија. Јавните закани со оружје не се став, не се критика и не се новинарство. Тие се кривично дело. СДСМ нема да молчи пред говор на омраза, закани и обиди за заплашување. Институциите мора да постапат. Одговорност мора да има.“ Велат ултра-неодговорните и индолентни активисти на партијата кои кога Тричко, Џабир, Поликлинико и целата нивна банда ја бесеа, набиваа на кол, стрелаа со снајпери тогашната опозиција, си свиркаа и се потсмеваа, фаќајќи сеир без граници. Аман, некој да им објасни на фашизоидните буквалисти од Бихаќка дека ВЕ ДРЖАМ НА НИШАН во новинарскиот речник значи ВИ ГО СЛЕДАМ СЕКОЈ ЧЕКОР И ЌЕ ВЕ ПЕНАЛАМ ЗА СЕКОЈА ГРЕШКА. Вака ли ќе се справувате со неистомислениците? Ќе ги затворате ли, ви фали ли Голи Оток? Многу, ама признајте си, исплачете се на рамото ан Коцевски. Упс, тој веќе нее ЈО. Ајде, одете кај Кацарска, саде таа ви остане, пишете уставна претставка дека дете ве погледнало накриво на улица и дека неговото братче ви се искривило? Аман, Чом, оди изгаси го светлот кај ајваниве, ќе ги ишмркаат топ-тан и бироата ако вака продолжат. И доста, ама, конзумирате од направијата на суртукот Јон, тоа не може да ви го обели ѓон-образот, само носот. и тоа привремено, после ви е црвен, а осетот за мирис и вкус за тоа што е човечки и нормално одамна немате. И пак, ова е пораката на македонските новинари до вас, плачковци со фашизоидни афинитети, вие ќе зборувате за слобода на говор, инфантилни ќелепури низаедни. Плачковци... https://www.dailymotion.com/video/x7soqer