Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника Филип Здравески 30.12.2025 / 15:21 Хроника Осумгодишно дете од селото Врапчиште, Гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен на 29 декември во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од страна на Ургентниот центар во Гостивар, каде што малолетникот бил донесен со повреди. По излегувањето на полициски службеници на терен, било утврдено дека станува збор за осумгодишно дете кое се повредило кога петарда експлодирала во неговата рака. По укажаната медицинска помош во Гостивар, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено на понатамошно лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. петарди Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off