Зошто треба да бидете гласни за време на секс?

Зошто треба да бидете гласни за време на секс? Александра Спасеска 30.12.2025 / 15:42 Љубов и секс Комуникацијата со партнерот е многу важна, а тоа се однесува и на сексот. Тема на друштвената платформа Reddit со совети како најдобро да го задоволите партнерот и да уживате во сексот стана вирална и добива сѐ повеќе и повеќе коментари. „Не очекувајте некој едноставно да знае што сакате. Кажете им!“, е еден од советите од корисник за кој и доктор Џастин Лемилер, професор по социјална психологија, вели дека е навистина добар. „Премногу луѓе очекуваат партнерите да им ги читаат мислите во кревет, а тој пристап често води до разочарување. Мора да бидете способни да кажете што сакате и да му кажете на партнерот што ви годи, а што не“, објаснува Лемилер за списанието Men's Health. Еден од корисниците на Reddit посоветува дека е супер да бидете гласни за време на сексот. Советот се однесува и на тоа да не бидете потполно неми, односно да пуштате воздишки и звуци, но и на тоа да не се воздржувате да бидете навистина гласни кога сте на врвот на задоволството. Ако тоа ви годи на двајцата, впуштете се и во секси шепотења и давајте охрабрување и насоки. „Истражувањата покажале дека, без разлика на полот, луѓето кои стенкаат и се гласни во кревет се позадоволни сексуално. Зошто? Затоа што тоа е начин на сексуална комуникација. Му покажувате на партнерот дека нешто ви годи и тоа ги зголемува шансите да го повтори тоа. Исто така му покажувате дека уживате и тоа го охрабрува“, заклучува Лемилер. Еден од корисниците на Reddit предупредува да не се користи порнографијата како референца во реалниот живот – немаат сите тело и издржливост како порно актери, а некои пози може да бидат незгодни, па дури и опасни. „Порнографијата може да се покаже како проблематична ако ја користите како упатство, но таа не инхерентно лоша бидејќи може да биде дел од здравиот сексуален живот. На пример, нема ништо лошо или погрешно во тоа да се користи порнографија како начин за ‘проживување’ на фантазиите или за истражување нови. Само имајте на ум дека тоа што го гледате не е модел за сексот и човечкото тело“, искрено советува тој. Автор/Извор А.С. Прикажи во метро Off