Привремен прекин во функционирањето на електронските услуги кои Управата за јавни приходи (УЈП) ги нуди кон даночните обврзници ќе има денеска со почеток од 16:00 часот. Како што информираат од УЈП се очекува прекинот да трае до доцните попладневни часови, по што услугите повторно ќе бидат достапни. Управата за јавни приходи ги замолува даночните обврзници за разбирање.