Мел Гибсон и Розалинд Рос се разделуваат по девет години

Мел Гибсон и Розалинд Рос го потврдија крајот на нивната деветгодишна врска. Гибсон и Рос ја споделија оваа информација ексклузивно со списанието People. -Иако е тажно да се заврши ова поглавје од нашите животи, ние сме благословени со прекрасен син и ќе продолжиме да бидеме најдобри родители, рекоа Гибсон и Рос. Режисерот и актер (69) и сценаристката (35) ќе продолжат заедно да го одгледуваат својот осумгодишен син Ларс. Двојката се запознала преку заеднички пријатели во 2014 година, а Ларс е роден во 2017 година, само неколку дена пред Гибсон да биде номиниран за Оскар за најдобар режисер за „Hacksaw Ridge“. „Што може да биде повозбудливо од тоа да ги слушнам номинациите објавени додека го држев мојот новороден син“, рече Гибсон во тоа време. Освен Ларс, Гибсон има осум постари деца. Со неговата поранешна сопруга Робин Мур, тој има ќерка Хана и шест сина: Кристијан, Едвард, Вилијам, Луис, Мило и Томас. Тој има и 16-годишна ќерка Луција со пијанистката Оксана Григориева, со која се раздели во 2010 година. Во септември 2024 година, најмладите деца на Гибсон, Луција и Ларс, се појавија со него на црвениот тепих на премиерата на филмот „Monster Summer“ во Лос Анџелес. Во јануари 2025 година, Гибсон и Рос го загубија својот дом во Малибу во пожарите во Лос Анџелес. Актерот беше надвор од градот во моментот на трагедијата, но неговото семејство и домашните миленици беа евакуирани на безбедно место.