На 3 јануари: Полната Месечина во Рак ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци

Годинава, на 3 јануари, имаме полна Месечина во Рак – првата полна Месечина во новата година, воедно и моќна „Волча Месечина“. Месечината се наоѓа на околу 13 степени во Рак, спроти Сонцето во Јарец. Во Јарец во тие денови се и Меркур, Венера и Марс, додека Јупитер се наоѓа во средните степени на Рак, пишува „Атма“.