Пожар во куќа без станари во Скопје

Вчера во 12:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на И.С.(65) од Скопје, во која не живеел никој. Во пожарот е зафатена соба со дел од покуќнината, а повредени лица нема.