АФКОН никогаш не разочарува: За 13 минути за ист тим заиграа 3 голмани ЦАФ АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ 2025 МАРОКО Филип Здравески 31.12.2025 / 09:13 Фудбал Тековниот Африкански куп на нации продолжи да воодушевува со своите необични ситуации, а синоќа репрезентацијата на Уганда му подари на фудбалскиот свет нешто што ретко се гледа. Континенталното натпреварување, за чиј трофеј се борат најдобрите африкански фудбалери на секои четири години, можеби не е најелитното натпреварување во однос на квалитетот, но секако е највозбудливо во однос на неочекуваните ситуации, резултатите и фолклорот што го придружува. Фудбалерите на Уганда синоќа се соочија со неверојатна ситуација. Тие беа принудени да користат три голмани за само 13 минути, сите тројца што ги понесоа на АФКОН. Уганда, како што се очекуваше, претрпе пораз од Нигерија со 3:1 и со тоа не успеа да се квалификува во нокаут-фазата. Само што почна второто полувреме, буквално во 46. минута првиот голман на Уганда, Денис Онјанго, мораше да го напушти натпреварот поради повреда и беше заменет со Салим Магула. Сепак, само 10 минути подоцна Магула доби директен црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот. Се чекаше три минути додека третиот голман Нафиан Алионзи се загрее и влезе во игра. 1’ — Onyango (1st GK) 46’ — Magoola on as sub (2nd GK) 56’ — Magoola sent off 59’ — Alionzi on as sub (3rd GK) Ugandan disaster with THREE goalkeepers in one AFCON match! pic.twitter.com/rfif00aL3h — Dean Ammi (@AlgerianFooty) December 30, 2025 Нигерискиот тим ја искористи таа ситуација и го реши натпреварот со два брзи гола, од 62. до 67. минута. Утешниот гол за Уганда го постигна играчот на скопски Вардар, Роџерс Мато, во 75-тата минута. За жал, македонската лига остана без претставник на Африканскиот куп на нации бидејќи Уганда заврши последна во својата група со само 1 освоен бод и е елиминирана. Уганда Африкански куп на нации Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On