Лејкерс продолжи со ужасните резултати: Ни разиграниот Дончиќ не го спречи дебаклот

Лејкерс продолжи со ужасните резултати: Ни разиграниот Дончиќ не го спречи дебаклот НБА 2025/2026 Филип Здравески 31.12.2025 / 09:42 Кошарка Тимот на Лос Анџелес Лејкерс продолжи да игра во многу лоша форма и го доживеа четвртиот пораз во последните пет натпревари. Овој пат беа размонтирани од Детроит Пистонс, среде Лос Анџелес со 128:106. Ноќеска на НБА терените се одиграа четири натпревари, а најинтересниот требаше да биде во Лос Анџелес, каде што Лејкерс ги пречекаа одличните Пистонс во дербито на ноќта. Сепак, продолжи големата криза на Лејкерс, за која неодамна зборуваше огорчениот Лука Дончиќ, кој рече дека нешто итно треба да се промени во тимот. 30-те поени, 11-те асистенции и 5-те скока на Дончиќ не беа доволни за Лејкерс да избегнат тежок пораз. Леброн Џејмс му помогна со 17 поени, но гостите беа многу подобри во текот на целиот натпревар. Гостинскиот тим го предводеше Кејд Канингем со 27 поени, 11 асистенции и 5 скокови, за 25-та победа на Пистонс во сезоната, а имаат и 8 порази. Од друга страна, Лејкерс се на скор 20-11. Remote video URL Другиот тим од истиот град, Лос Анџелес Клиперс, убедливо славеше против Сакраменто Кингс со 131:90 на крилјата на Каваи Ленард, кој постигна 33 поени. Најголемата драма и продолжение беше видена во пресметката помеѓу Мемфис и Филаделфија, а на крајот гостите славеа со 139:136. Жоел Ембиид и Тајрис Макси ја предводеа Филаделфија до победата со по 34 поени, додека маестралната изведба на Џа Морант (40 поени) не беше доволна за Мемфис да избегне пораз. Бостон ја победи Јута на гостински терен со 129:119, а мечот го одбележа босанскиот дуел меѓу Јусуф Нуркиќ и Лука Гарза. Нуркиќ за поразениот табор постигна 26 поени со по 8 асистенции и скокови, додека Гарза за Бостон даде 15 поени со 6 скокови. Најдобар кај Бостон беше Дерик Вајт со 27 поени, 7 скокови и 6 асистенции, а имаше поддршка од Џејлен Браун кој постигна 23 поени, 6 скокови и 10 скокови. Единствениот што се истакна за Јута покрај Нуркиќ беше Кејонте Џорџ со 37 поени, 6 скокови и 7 асистенции. Remote video URL Резултати: Мемфис Гризлис - Филаделфија 76ерс 136:139 (прод.) Јута Џез - Бостон Селтикс 119:129 Лос Анџелес Лејкерс - Детроит Пистонс 106:128 Лос Анџелес Клиперс - Сакраменто Кингс 131:90 Табела: НБА Лос Анџелес Лејкерс Лука Дончиќ Детроит Пистонс Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On